Македонски Албански
Google ќе ги предаде Wi-Fi податоците
07-06-2010
Google ќе им ги предаде несакајќи собраните податоци од незаштитените Wi-Fi мрежи на соодветните тела во Германија, Франција и Шпанија.

Google објави дека на релевантните тела во споменатите европски земји ќе им ги предаде сите податоци кои, наводно, несакајќи ги собрале од незаштитените Wi-Fi мрежи при снимањата на улиците за потребите на услугата Street View. Оваа одлука следуваше по расправата со претставниците на регулаторните тела задолжени за приватност во Германија, кога од компанијата тврдеа дека не се сигурни во легалноста на предавањето на тие податоци. Google, се чини, ги реши сите несогласувања со претставниците на европските влади, па одлучи, сепак, да им ги предаде спорните податоци. Тоа, во трите европски земји, треба да се случи во наредните неколку денови, додека за останатите држави сеуште нема информации дали, односно кога ќе бидат предадени податоците.

Bookmark and Share
Назад...