|
Google претстави нов алгоритам за индексирање со назив Caffeine, прилагоден на денешните потреби на интернет корисниците. Модерните веб-страници се богати со содржини кои брзо се менуваат и надополнуваат, Caffeine би требало да овозможу 50 проценти посвежи информации од пребарувањето отколку што тоа до сега беше случај. Новиот алгоритам постојано прегледува и индексира помали делови од мрежата на глобално ниво, па секоја секунда се процесираат стотини илјади страници, паралелно. Caffeine прегледува околу 100 милиони гигабајти од базата на податоци на Google и додава уште стотина илјади гигабајти нови податоци секој ден. Освен што ја подобри брзината на индексирање на новите содржини, Google го дизајнира Caffeine и за полесно одржување и евентуални надоградби и подобрувања, со цел алгоритамот да може поедноставно да склаира со растечките потреби на корисникот и количините нови информации кои се појавуваат секој ден. |