|
Приближно два месеци откако Apple поднесе тужба против HTC поради наводно кршење на патенти, HTC одговори со иста мерка. HTC го обвини Apple поради повреда на пет патенти поврзани со мобилната технологија, па бара International Trade Commission да го сопре понатамошниот извоз и продажба на iPad, iPod и iPhone. Во тужбата се наведува дека Apple во своите уреди „крши“ патенти поврзани со имплементацијата на мапи и управувањето со потрошувачката на енергија во мобилните уреди. Интересно е тоа што барем еден од спорните патенти е одобрен само ден пред поднесувањето на оваа тужба. За сега нема официјални коментари од Apple поврзани со најновите случувања. |