|
Компанијата Ericsson прогнозира голем пораст на бројот на корисниците на мобилниот широкопојасен интернет во наредните пет години. Hans Vestberg, CEO на компанијата, порастот го споредува со брзиот раст на популарноста на втората генерација услуги за мобилните телефони, како што се SMS пораките. Кон забрзаното ширење на мобилниот пристап кон интернет во последните неколку години значително придонесуваат се’ помоќните и пораспространети паметни уреди. Според прогнозите на Ericsson, бројката од 400 милиони корисници на 3G мрежа, колку што се проценува дека моментно има, би требало до 2015 година да порасне на околу 3,5 милијарди. Прогнозите вклучуваат и поголем број корисници на мобилни телефони, дури 6 милијарди до 2020. Удделот на податочниот промет по безжичен пат би требало да го надмине удделот на гласовниот промет во мобилните мрежи веќе до крајот на оваа година. |