Македонски Албански
„Збогум“ за Windows
01-06-2010
Google се откажува од Windows и преоѓа на Mac и Linux

Според написите во Financial Times, поради се’ почестите сигурносни проблеми на компјутерите кои користат Windows оперативни системи, а што во јануари на своја кожа го почувствува и Google, кога беше мета на хакерски напади, компанијата одлучи да „мигрира“ на некој од алтернативните оперативни системи. Вработените во Google можат одберат помеѓу Mac OS или некоја од дистрибуциите на Linux. Кога ќе заврши со работата на својот оперативен систем, Chrome OS, Google, очекувано, ќе им сугерира на своите вработени да го користат токму ова решение, но за тоа ќе биде потребно уште некое време. Google и Microsoft, условно кажано, веќе војуваат на неколку фронтови, како што е пазарот за веб-пребарувачи и веб-клиенти за електронска пошта, а сега, се чини, работите се вжештуваат и на полето на оперативните системи.

Bookmark and Share
Назад...