Македонски Албански
Полициска акција поради загубениот iPhone
27-04-2010
Поради написите за загубениот iPhone, полицијата заплени компјутери во сопственост на авторот на приказната.

Изгледа дека новиот iPhone е навистина „жешка“ роба бидејќи калифорниската полиција ја исчисти куќата на Jason Chen, автор на написот за изгубениот примерок на новата верзија на iPhone, објавен на Gizmodo. Да потсетиме, минатиот месец млад работник во Apple наводно го загуби најновото технолошко чудо, кое „чесниот“ пронаоѓач, со сеуште неопзнат идентитет, му го продаде на Gizmodo. Набрзо Gizmodo објави вест за новиот iPhone, предизвикувајќи вистински скандал и бура од реакции, од оние кои тврдеа дека сето тоа е лага, до оние кои обвинуваа дека станува збор за рекламна кампања од страна на Apple и Gizmodo. Од Gizmodo објавија дека телефонот е можеби украден, но дека на барање на компанијата тој е вратен во Apple. Разбирливо, целата работа не им се допаѓа премногу на луѓето од Apple. Gizmodo објави документи од полициската акција кои потврдуваат дека на Jason Chen му биле одземени 6 компјутери и друга електронска опрема, како камери, дискови и слично. Претресот го објави групата REACT (Rapid Enforcement Allied Computer Team), специјално полициско одделение за компјутерски криминал. Не е сосема јасна исправноста на налогот за претпрес во неговата куќа, со оглед на тоа дека калифорниските закони ги штитат новинарите од вакви претреси и полициски прогони.

Bookmark and Share
Назад...