|
VIP го отвори конкурсот за изработка на апликации наменети за Android платформата, кои, освен што треба да бидат кориснички ориентирани, иновативни и оригинални, треба да имаат и висока локална употребливост. Почнувајќи од денеска, а заклучно со 1 август, сите заинтересирани поединци, компании, програмери, студенти, можат да ги пријават своите творби на www.android.vip.mk. Потоа следува фазата на верификација пристигнатите апликации од страна на Android Market. Оние кои ќе бидат одобрени влегуваат во конечната фаза на избирање на најуспешните - најиновативни, најоригинални и апликации со најголема локална употребна вредност. Првата награда изнесува 500.000 денари и HTC Desire. Авторот на второнаградената апликација ќе добие 150 илјади денари HTC Legend. Третонаградени ќе бидат сите оние чии апликации ќе бидат одобрени од Android Market, а ќе добијат HTC Tattoo. Освен тоа, наградените апликации ќе бидат бесплатно инсталирани на мобилните телефони од понудата на VIP. Конкурсот има за цел да го поттикне развојот на пазарот за мобилни апликации во земјава, да ги мотивира македонските програмери да развиваат локални мобилни апликации по глобални стандарди, а воедно ќе биде одлична можност за промоција и афирмација на програмерскиот потенцијал во Македонија. Ова меѓудругото беше истакнато на денешната конференција за печат на која се обратија господинот Никола Љушев, главен извршен директор на Вип oператор и господинот Димитар Трајанов, професор на Електротехничкиот факултет. |