|
Благодарејќи на подобрите резултати пред крајот на фискалната година, Sony забележа помала загуба отколку отколку што се очекуваше, објавуваат од компанијата. Во фискалната година, која заврши во април годинава, јапонскиот произведувач пријавил загуба во износ од 442 милиони долари, што е за половина помалку во однос на претходниот период. Вкупниот промет во текот на годината изнесувал 77 милијарди долари што е за 7 проценти помалку од порано. Резултатите се подобри од очекуваното, кога се предвидуваа далеку поголеми загуби, а за тоа најзаслужна е добрата продажба на HD телевизорите Bravia, Vaio компјутерите и PlayStation. |