|
Од YouTube јавуваат дека ја достигнале бројката од две милијарди прегледувања на видеа и дека моментно овој сервис се наоѓа на третото место на листата најпосетувани веб-локации во светот. Мегапопуларниот сервис за видео-споделување овие денови го слави својот петти роденден, па по повод овој јубилеј од таму се одлучија да се пофалат и со некои бројки. Како што велат, секојдневно на YouTube се прегледуваат две милијарди видеа, корисниците на тој сервис секоја минута аплоадираат 24 часа видео, а сервисот е третата најпосетувана страница во светот. Прилично импресивно. |