|
Apple, со доаѓачкото освежување, подготвува поголем пресврт во Apple TV линијата производи, тврдат извори блиски на произведувачот. Тие го опишуваат новиот Apple TV како iPhone без екран – уредот би требало да има процесор А4, оперативен систем iPhone OS 4 и 16 гигабајти флеш меморија. Сите содржини ќе se складираат он-лајн, а се споменува и можноста за прикажување на 1080p видео, кое на корисниците ќе им се дистрибуира преку стриминг. За локално складирање на податоците останува опцијата Time Machine, но освен видео излез и конектори за напојување, новата генерација на Apple TV не би требало да има ништо друго. Производот ќе остане во форма на set-top-box, а радува и новата цена, која, со наведените ограничувања, ќе изнесува 99 долари. Повеќе информации би требало да бидат достапни подоцна во текот на годинава, но ништо ново нема да се објави на WWDC, кога се очекува претставувањето на новиот iPhone. |