Македонски Албански
Zynga си оди од Facebook?
12-05-2010
Фармери, не очајувајте. Zynga ќе лансира сопствена мрежа на која ќе можете да копкате колку што сакате.

Zynga стои зад ултрапопуларните наслови Mafia Wars и FarmVille, кои важат за најиграните игри на Facebook. Според гласините, Zynga не е премногу задоволна од партнерството со оваа социјална мрежа и има намера да се одвои од Facebook, како и да основа сопствена виртуелна заедница наменета исклучиво за играње. Причината, се разбира, лежи во парите. Facebook наводно зема 30 проценти од заработката од виртуелните добра, кои посетителите на мрежата ги купуваат со цел да бидат што поуспешни во игрите. Освен тоа, се шпекулира и дека Facebook ги присилува на потпишување на повеќегодишен договор, под закана дека некои од игрите Zynga засекогаш ќе станат минато на мрежата доколку од компанијата ја одбијат оваа понуда.

Bookmark and Share
Назад...