|
Конечното решение претставува комбинација на сите поранешни безжични стандарди со фокус на помала потрошувачка на енергија. Така, на пример, замислено е уредите кои емитуваат и примаат мали количини податоци, со мала брзина и на мало растојание, тоа да го прават на ултраштедлив начин, па едно полнење на батеријата би било доволно за повеќемесечна работа. Уредите кои разменуваат поголеми количини податоци, со поголема брзина и на поголемо растојание, тоа и понатаму можат да го прават со поголема потрошувачка на енергија. Посилниот хардвер може да користи 3-мегабитен начин на комуникација кој сега се вика Bluetooth Classic. Максималниот домет зависи од хардверот, истотака. Првите уреди кои ќе користат Bluetooth 4.0 би можеле да се појават кон крајот на годината. |