Македонски Албански
Canon Ixus 300 HS
12-05-2010
Новиот припадник на линијата компактни дигитални фотоапарати од Canon го носи името Ixus 300 HS, а доаѓа со нов тип на сензор.

Од Canon пристигнува Ixus 300 HS ( SD4000 IS во САД), чија главна карактеристика е новиот сензор од типот back-illuminated, кој, според производителот, нуди осетно подобри перформанси во услови на послаба осветленост. Сензорот има резолуција од 10 мегапиксели, а во комбинација со процесорот DIGIC 4 се постигнува брзина од 3,7 фотографии во секунда, при полна резолуција. Оптичкиот зум е 3,8х, максималната осетливост е ISO 6.400, а има можност и за снимање видео со резолуција од 720p. Покрај USB, тука е HDMI приклучокот, како и влезот за мемориски картички. Ixus 300 HS на американскиот пазар ќе тргне во продажба до крајот на месецот по препорачана продажна цена од 350 долари.

Bookmark and Share
Назад...