Македонски Албански
Видеото го презема интернетот
07-06-2010
Оваа година, според количината на пренесени податоци, стримувањето на видео содржини би требало да ја надмине директната размена на податоци меѓу корисниците.

Во минатите 10 години, прометот врзан со директната размена на датотеки меѓу корисниците (peer-to-peer) претставуваше најголемиот дел од прометот преку интернет, но тоа наскоро би требало да се смени. Според предвидувањата на Cisco, преносот на стриминг видео содржини наредните години ќе расте значително побрзо, па веќе оваа година би требало да ја надмине директната размена на податоци, според количината на пренесени податоци. Во анализата се предвидува дека вкупната количина на податоци пренесени преку интернет ќе се зголеми за 4 пати до 2014, а повеќе од 90 проценти од прометот би требало да биде врзан со видеото, стриминг или директна размена на датотеки. Главни двигатели на порастот на интернет прометот се брзите широкопојасни мрежи како и порастот на популарноста на HD телевизијата и тридимензионалните видео содржини. Просечната брзина на интернет конекциите во насока кон корисниците е зголемена за 35 пати во минатите 10 години, односно од 127 килобити во секунда во 2000 година, на 4,4 мегабити годинава.

Bookmark and Share
Назад...