|
Најголем пораст на бројот на испорачани уреди во првиот квартал на 2010 забележа Apple. Компанијата на пазарот испорача 8,8 милиони уреди, што претставува пораст од 131,6 проценти во однос на 2009 година. Сепак, според количината на уреди Apple се најде на третото место. Nokia е лидер на овој пазарен сегмент со 21,5 милиони паметни телефони испорачани во посочениот период. Следува RIM со 10,6 милиони BlackBerry уреди. Четвртото место го резервира HTC, кој на пазарот донесе 2,6 милиони уреди, а петтото го зазеде Motorola која испорача 2,3 милиони уреди. IDC известува дека вкупната бројка на испорачани уреди во првиот квартал од годината изнесува 54,7 милиони паметни телефони, што претставува пораст од 56,7 проценти во однос на истиот период лани. Годинава очекуваме навистина голем број интересни уреди, како на пример четвртата генерација на iPhone, N8 моделот од Nokia, кој ќе ја користи новата генерација на оперативен систем Symbian и други. |