|
Станува збор за вирусот Win32/Heur, кој се наоѓа во форма на датотеката slmvsrv.exe на гигабајтната microSD, испорачана со уредот. При приклучување на мобилниот телефон на Windows-базиран систем, вирусот автоматски го инфицира компјутерот, по услов корисникот да нема адекватна антивирусна заштита, а опцијата Autorun да е активна. Вирусот понатаму се шири инфицирајќи USB флеш мемории, мемориски карички и останатите медиуми кои корисникот ги употребува. Од Samsung се свесни за пропустот и истакнува дека со овој вирус е зафатена само првата испорака на уреди наменета за германскиот пазар. |