|
Претходните предвидувања беа дека електронските книги ќе го преземат приматот во однос на печатените во рок од десет години, но сега од Sony велат дека тоа биле песимистички проценки и велат дека тоа најверојатно ќе се случи во следните 5 години. Од компанијата планираат специјални уреди за читање е-книги, како што е Reader, кои во иднина би можеле да еволуираат во мултифункциски типови на уреди. Истотака, јапонскиот произведувач ги следи навиките на купувачите на iPad, па дошле до заклучок дека 11 проценти од купувачите на таблетот од Apple го купиле уредот во прв ред да го користат за читање електронски книги. |