Македонски Албански
Двојадрен Snapdragon
02-06-2010
Qualcomm, на произведувачите на мобилни телефони, започна да им испорачува уште побрзи Snapdragon процесори од третата генерација.

Станува збор за двојадрени чипови со назив MSM8260 и MSM8660 и работен такт до 1,2 GHz, наменети за најмоќните паметни телефони. Процесорите имаат и интегрирано графичко јадро со поддршка за 2Д и 3Д акцелерација, OpenGL ES 2.0, OpenVG 1.1 и 24-битен приказ на WXGA екрани со резолуција до 1.280 на 800 пиксели. Чипсетот овозможува кодирање и декодирање на 1080p видео, а интегриран е и аудио енџин со ниска потрошувачка, како и поддршка за GPS. Паметни телефони опремени со овие процесори можеме наскоро да очекуваме од поголемите произведувачи како HTC.

Bookmark and Share
Назад...