Македонски Албански
Google отвора книжара
05-05-2010
До крајот на јуни, Google ќе отвори сопствена онлајн книжара, која ќе го носи името Editions.

За разлика од затворениот пристап на Amazon и Apple, насловите кои ќе ги продава Google ќе можат да се читаат на широк спектар уреди. Ќе биде потребен само разумно напреден интернет прелистувач. Сеуште не е познато за кој формат ќе се одлучи компанијата, но како можен кандидат се споменува ePub. Освен директно од книжарата на Google, купувачите ќе можат да дојдат до посакуваните наслови и преку други сервиси кои ќе ги нудат насловите од Google Editions. Условите под кои независните продавачи ќе соработуваат со Google не се познати. Веќе е најавено дека во каталогот на почетокот ќе се најдат помеѓу 400.000 и 600.000 наслови, кои главно ќе бидат од понов датум.

Bookmark and Share
Назад...