|
Токму денес своите сметки на социјалната мрежа ќе ги „угасат“ нешто повеќе од 25 илјади корисници. Група на незадоволни корисници, поттикнати од постојаните промени на поставките за приватност на FB, како и поради фактот дека мрежата ги споделува личните податоци на корисниците со огласувачите, одлучи 31-ви мај да го прогласи за денот на гаснење на кориснички сметки на Facebook. Сопствениците на quitfacebookday.com објавија низа написи во кои ги наведуваат причините поради кои би требало да се напушти FB како и тоа кои се алтернативите на оваа социјална мрежа, кои имаат подобар однос кон приватноста на своите корисници. |