|
Откако HTC објави дека се откажува од преземањето на Palm, за нов потенцијален купувач се наведува Lenovo. Според проценките на независните аналитичари, Palm добро се вклопува во стратегијата на Lenovo, која е насочена на раст преку преземање други компании. Истотака, се истакнува дека Lenovo има големи колични готовина кои би можеле да ги искористат за преземање на Palm и со тоа да си обезбедат поактивна улога на пазарот на мобилни телефони надвор од матичниот, кинески пазар. Според непотврдени информации, компанијата Palm бара околу 1,3 милијарди долари. За сега, нема официјални коментари од Palm и Lenovo, врзани за овие шпекулации. |