|
И покрај огромната побарувачка и интересот на јавноста за новото чудо од Apple, компанијата, се чини успеа да го исполни ветувањето и да започне со испорака на iPad и надвор од Америка. Први ќе му се израдуваат жителите на Велика Британија, Австралија, Јапонија, Франција, Шпанија и други земји за кои тоа беше најавено во почетокот на месецот. Во Австрија, Белгија, Хонг Конг, Ирска, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд и Сингапур, атрактивниот таблет од Apple би требало да стане достапен во јули. Останува да видиме кога ќе стигне и кај нас. |