Македонски Албански
Farmville на мобилни
21-04-2010
Ако се остварат најавите, наскоро дигиталните фармери ќе можат да се грижат за својот добиток, овошки и сето останато на нивниот виртуелен имот, каде и да се.

Без разлика каков е нашиот став во врска со Farmville, едно не може да се оспори – нејзината мегапопуларност. На радост (или не) на многумина, се шпекулира дека таа наскоро ќе се пресели на мобилните уреди. Zynga Games оригинално ја претстави Farmville на социјалната мрежа Facebook, а до сега играта „собра“ повеќе од 80 милиони корисници. Иако нема официјални најави од компанијата, на интернет се појавија информации кои зборуваат за тоа дека играта наскоро ќе се појави во верзија наменета за мобилни уреди. Страницата Superannuation, наводно, дошла до податоци дека се регистрирани домејните farmvilleandroid.com, farmvilleipad.com, farmvilleiphone.com и farmvillesms.com. Играта ќе им овозможи на корисниците на мобилни телефони некаква форма на меѓусебна комуникација преку СМС пораки, но дополнителни детали сеуште не се откриваат.

Bookmark and Share
Назад...