Македонски Албански
Facebook 0
20-05-2010
Facebook се одлучи да ги олесни високите трошоци на податочниот промет во мобилните мрежи, па разви суперекономична верзија на сервисот.

Facebook разви специјална верзија на сервисот која прави минимален трошок во сообраќајот на мобилните мрежи и се договори со некои оператори остварениот сообраќај да не им биде наплатуван на корисниците. Станува збор за чисто текстуална страница која се наоѓа на 0.facebook.com. Посетителите нема да можат да видат фотографии, видео записи, линкови, ниту ќе можат да играат игри, но затоа ќе можат да уживаат во текстуалните умотворби на своите „френдови“. Разбирливо, и текстуалната страница создава одреден податочен промет, па затоа, како што споменавме, Facebook склопи договор со прилично голем број мобилни оператори, кои се подготвени да го преземат овој трошок на себе, знаејќи дека за возврат ќе ги придобијат љубителите на една од најпопуларните социјални мрежи во светот. На листата главно се најдоа мрежи од земјите во развој, меѓутоа има и прилично добро дефинирани и развиени европски пазари, како Белгија, Данска, Финска итн.

Bookmark and Share
Назад...