|
Во декември минатата година, Nintendo ја намали цената на конзолата Wii од 250 на 200 долари, што стимулативно делуваше на продажбата. Сепак, анализите зборуваат дека тоа не било доволно за зголемување на профитот. Во минатата фискална година, Nintendo забележа пад на профитот од 2,4 милијарди долари, што претставува пад од 9,4 проценти во споредба со минатата година. Во текот на оваа фискална година, Nintendo планира вкупно да продаде 20 милиони Wii конзоли, како и 30 милиони DS конзоли, а дополнителен број купувачи ќе привлечат со новите технологии, како што се тродимензионалните игри за кои не се потребни специјални очила. Во текот на оваа година, Nintendo со секоја продадена конзола Wii бесплатно ќе испорачува додатоци во вредност од 50 долари – играта Wii Sports Resort и управувачот за играта MotionPlus. |