Македонски Албански
64-битен Firefox
02-06-2010
Mozilla ја објави првата јавна тестна верзија на својот интернет прелистувач Firefox, прилагодена за извршување на 64-битни процесори.

Поддршката за овој тип процесори е една од можностите кои треба да се имплементираат во  Firefox 4, издание планирано за ноември оваа година. Веројатно, најголемиот проблем при преминувањето на 64-битна верзија е компатибилноста на додатоците за прелистувачот. На пример, Adobe Flash моментно е достапен во 64-битна верзија само во  Adobe Labs издание за Linux. Новата, 64-битна верзија на прелистувачот Firefox е се уште во многу рана фаза на развој и првенствено е наменета за тестирање на можностите.

Bookmark and Share
Назад...