|
Според резултатите од истражувањето на Pike Research, до 2020 година, приближно половина од пазарот на комерцијално осветлување, вреден 4,4 милијарди долари, ќе му припадне на LED осветлувањето. Во извештајот наречен Energy Efficient Lighting for Commercial Markets се нагласува дека цените на LED расветните тела веќе паднале на прифатливо ниво, а ќе продолжат и понатаму да паѓаат. Најважните предности на LED осветлувањето се: пониска потрошувачка на енергија, подолг животен век и користење на помалку штетни материјали при производството, во споредба со други, комерцијално достапни технологии. Сепак, поради високата иницијална цена, LED осветлувањето до сега не успеа да освои значаен дел од пазарот. |