Македонски Албански
Doodle for Google
28-05-2010
Деветгодишно девојче ја освои наградата на Google

На годинешниот Doodle 4 Google натпревар повторно се пријавија голем број деца од предшколска и школска возраст од САД. Оваа година титулата за најдобро решение отиде кај деветгодишната Makenzie Melton. Натпреварот се огранизира трета година по ред, а годинава темата беше „Кога би можел/а да сторам нешто, јас би...“. Согласно со нивната идеја, натпреварувачите требаа го нацртаат логото на Google, кое во текот на еден ден ќе биде поставено на официјалната страна на сервисот. Makenzie Melton своето решение го посвети на зачувување на тропските прашуми, што и’ го донесе првото место на Doodle 4 Google натпреварот, 15.000 долари школарина, како и донација во износ о 25.000 долари за нејзиното училиште.

Bookmark and Share
Назад...