Македонски Албански
Facebook споделува со огласувачите
25-05-2010
Иако со години го тврдат спротивното, социјалните мрежи Facebook, MySpace и други уредно им праќаат кориснички податоци на огласувачите.

Наводно, социјалните мрежи ова го практикуваат со години, а освен имињата на корисниците, на огласувачите им испорачуваат и низа други лични податоци, како возраст, занимање, локација па и имињата на корисниците кои кликнале на одреден оглас и профилот на чија страница биле кога го сториле тоа. Како што наведува Wall Street Journal, од другата страна се наоѓаат големите имиња на пазарот за интернет огласување, Google DoubleClick и Yahoo Right Mediа, кои, пак, се оградуваат наведувајќи дека не биле свесни за фактот дека социјалните мрежи им ги праќаат овие информации и дека во секој случај тие не би ги искористиле за пласирање огласи. Facebook, MySpace и другите социјални мрежи стриктно наведуваат дека нема да ги споделуваат личните податоци на своите корисници со компаниите за дистрибуција на огласи, освен ако самите корисници не се согласат на тоа, но како што известува Wall Street Journal, тоа не е баш така.

Bookmark and Share
Назад...