Македонски Албански
Microsoft Office 2010
12-05-2010
Денеска официјално треба да биде лансиран Office 2010 за деловните корисници, додека за сите останати ќе биде достапен во текот на јуни

Новата верзија не донесува драстични промени во корисничкиот интерфејс како што беше случајот со претходнoто издание, но тука се новите можности како уредување на фотографии и видео во PowerPoint, поголеми можности за соработка на корисниците при изработката на документите, како и нови можности за управување со електронска пошта. Сепак, најзначаен новитет е воведувањето на Office 2010 Web Apps, односно онлајн верзии на програмите од пакетот, кон кои корисниците ќе можат да пристапат од која било локација, преку интернет, без потреба од инсталација на пакетот. Microsoft Office 2010 најпрвин ќе им биде достапен само на деловните корисници, а во текот на јуни би требало да започне продажбата и за сите останати корисници по цени помеѓу 119 и 499 долари (во САД).

Bookmark and Share
Назад...