Прочитано 445 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Google подготвува очила со проширена реалност

Google на крајот од годината ќе лансира посебни очила кои ќе можат да прикажуваат информации во вистинско време.

Според извори на New York Times, цената на овие ултра модерни очила ќе се движи исто како и цената на паметните телефони, од 250 до 600 долари.

Овие очила ќе бидат базирани на Android и ќе вклучуваат мало екранче кое ќе биде одалечено на само неколу милиметри од окото. Исто така ќе вклучуваат 3G и 4G конекција, како и голем број на сензори за движење и GPS.

Очилата на Google би содржеле вградена камера со ниска резолуција која ќе го следи светот наоколу во вистинско време и со тоа ќе се даваат информации за локацијата, околните згради и пријателите кои се во близина.

Google очилата се експеримент на Google X проектот и според New York Times овие очила не би биле наменети за широка потрошувачка повеќе се како експеримент во кој секој би можел да учествува.

Google се уште го нема искоментирано текстот на New York Times за овие ултра модерни очила. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник